Властите во Киев денеска соопштија дека Русија во нападите врз Украина користи ракети произведени во Северна Кореја.
Портпаролот на украинското обвинителство Дмитро Чубенко изјави дека севернокорејската ракета е една од проектилите што го погодија Харков на 2 јануари.
Чубенко изјавил дека „начинот на производство“ на севернокорејската ракета „не е многу модерен“, пренесува Ројтерс.
-Затоа, ние сме склони да мислиме дека се работи за проектил испорачан од Северна Кореја, рече Чубенко.