386
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерал со своето семејство и објави кому му се паднала паричката од бадниковото лепче. Оваа година во домот на Мицкоски најсреќлија бил неговиот татко Иван.
-Малку драгоцени моменти со најблиските. На бадниковата вечер паричката падна кај мојот татко Иван, без лутење од останатите. Посакувам повеќе среќа кај сите семејства и луѓе кои ги одбележуваат овие празници, повеќе радост и насмевки на лицата во овие тешки моменти.
Нека биде година на промени и иднина. Честит Бадник. За многу години, стои во објавата на лидерот на опозицијата.