Израел не е заинтересиран за присилно раселување на Палестинците од Газа

од Nikola Popovski
286 прегледи

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска изјавил дека присилното раселување на Палестинците од Појасот Газа не е политика на неговата земја.

„Тоа апсолутно не е став на израелската влада, израелскиот парламент или израелската јавност. Во општество каде слободата на говорот е основата на нашата национална ДНК, луѓето можат да кажат што сакаат“, изјавил Херцог за телевизијата Ен-Би-Си на прашањето за неодамнешните изјави на некои членови на израелската влада кои сугерираат дека Палестинците треба насилно да бидат иселени од Газа.

Тој потврдил дека неговите колеги зборувале за тоа, но рече „директно, официјално и недвосмислено дека тоа не е став на Израел“.

Херцог истакнал дека Израел е решена да ја поткопа можноста на палестинската милитантна група Хамас да изврши терористички напади низ целиот свет и во Израел.

Слични содржини