300
Починато лице синоќа бил пронајдено во неговиот дом во Шуто Оризари, информира полицијата.
На 07.01.2024 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дом на подрачјето на Шуто Оризари бил пронајден починат З.М.(43) од Скопје. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.