207
Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи 34-годишниот министер за образование на земјата, Габриел Атал за премиер, јавуваат француските медиуми.
Тој ќе ја наследи Елизабет Борн, која вчера поднесе оставка.
Реконструкцијата на владата доаѓа додека Макрон се обидува да му даде нов поттик на својот втор мандат пред изборите за Европскиот парламент подоцна оваа година.
Атал е роден во 1989 година во От-де-Сен. На почетокот на својата кариера, Атал беше член на Социјалистичката партија, но подоцна се приклучи на центристичката партија на Емануел Макрон, сега позната како Ренесанса.
Покрај тоа што е најмлад, Атал е и првиот премиер на Франција кој отворено призна дека е хомосексуалец.