СПМ вели дека полицаецот порано живеел поубаво, од СДСМ тврдат дека платите се зголемени за 35%

од Nikola Popovski
265 прегледи

Синдикатот на полиција бара зголемување на платите за 15 проценти почнувајќи од јануари. Претседателот на Синдикатот Орце Коцевски денеска во изјава за медиумите рече дека основната плата на полицаец во моментот е 16.332 денари.

– Зголемувањето на платите за 15 проценти почнувајќи од јануари 2024 година да биде од буџетот на Министерството за внатрешни работи за што сметаме дека МВР е способно да ги покачи платите од својот буџет односно пари за повисоки плати во овој момент има, рече Коцевски, додавајќи дека не се откажуваат ниту од барањето едно евро, еден бод.

На прашањето кој ќе биде следниот чекор на Синдикатот доколку не се исполни ова нивно барање, Коцевски изрази надеж дека министерот за внатрешни работи ќе го сфати барањето и почнувајќи од овој месец ќе ја зголеми платата минимум за 15 проценти, но доколку тоа не се случи, не е исклучено организирање на протест.

На прашањето како го коментира соопштението на СДСМ дека за 35% била зголемена платата на полициските службеници, Коцевски не сака да коментира дали е точно или не.

-Полицаецот пред неколку години живееше поубаво отколку сега, како што они кажуваат дека платата била покачена за 35%, кратко одговори Коцевски.

Според СДСМ, платите во полицијата се зголемени за 35 проценти. Од партијата велат дека дополнително исплатени се 6 бонус плати за одработени прекувремени работни часови.

-Од 2020 година наваму, има воспоставено редовната исплата на бонус плати за над 150 одработени часови прекувремена работа на годишно ниво, како гарантирано право на вработените во МВР согласно Колективниот договор, порачаа меѓу другото од партијата на власт.

Слични содржини