Како реагираше Клинтон на прашањата за Епстајн?

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон престојувал во Сан Мигел де Аљенде, град во централната мексиканска држава Гуанахуато, неколку часа пред јавноста да биде запознаена со контроверзната листа на посетители на островот на Џефри Епстајн. Новинарите му поставиле прашање за односот со милијардерот.

Имено, 77-годишниот поранешен американски претседател безгрижно шетал низ градот, пиел кафе и се поздравувал со минувачите.

Неколку часа пред објавувањето на контроверзната листа, Клинтон бил запрашан од новинарите што мисли за обвинувањата дека е поврзан со Епстајн, со оглед на тоа што неговиот однос со Епстајн долго време беше предмет на шпекулации во јавноста.

Кога му го поставиле прашањето, Клинтон ја кренал главата и со широка насмевка рекол дека „мисли дека доказите се јасни“.

Поранешниот американски претседател продолжил со насмевка да потпишува автограми и го игнорирал претходно поставеното прашање, пренесува „Спутник“.

Слични содржини