Кривичен од утре ќе одлучува по жалбата на обвинителството за притвор за осомничените во врска со упадот во М-НАВ

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Основниот кривичен суд Скопје од утре ќе одлучува за жалбата на јавното обвинителство во врска со одлуката да не го прифати барањето за притвор за четворицата осомничени во врска со упадот во М-НАВ.

Како што информираа оттаму, жалбите се доставени до странките, рокот за одговор е до утре и откако ќе истече, Советот ќе заседава.

Жалбата следува откако Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје донесе решенија со кои на четири лица осомничени за „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ во врска со нападот во М-НАВ, наместо мерката притвор побарано од Обвинителството, им определи мерки за претпазливост.

Слични содржини