240
На 9.1.2023 г., трет ден Божик, кога Црквата го прославува и споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, по повод божикните празници и својот именден, приреди традиционален божикен ручек за државниот врв.
На божикната трпеза присуствуваа претседателот на Републиката г. Стево Пендаровски, премиерот на Македонија г. Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието на Македонија г. Талат Џафери, како и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Хераклејски г. Климент.