259
Десничарскиот европратеник од Финска, Петри Сарвама, покрена петиција за одземање на претседавањето со Советот на ЕУ на Унгарија во согласност со член 7 од Договорот за ЕУ.
„Сега или никогаш. Машинеријата на ЕУ за одлучување едноставно е заглавена поради (унгарскиот премиер) Виктор Орбан. Единствениот начин да се успее е да му се ускрати правото на глас на Орбан во Советот. Во исто време покажуваме дека во ЕУ не е дозволена уцена“, напиша тој на платформата Икс (Твитер).
Сарвама ја нарече петицијата историска и нагласи дека против Унгарија никогаш не била покрената постапка според член 7(2) од Договорот за ЕУ.