420
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска предупреди дека украинските напади врз локациите за лансирање ракети на територијата на Русија со оружје доставено до Киев од САД и нивните сојузници може да предизвикаат нуклеарен одговор од официјална Москва.
Медведев рече дека некои украински воени команданти ја разгледуваат можноста за лансирање ракети со долг дострел што Западот му ги доставува на Киев на локации во руска територија, пренесува Ројтерс.
„Што значи ова? Тоа значи само едно: тие ризикуваат да го активираат ставот 19 од основната државна доктрина на Русија во областа на нуклеарното одвраќање. Тоа треба да се запомни“, рече Медведев на апликацијата за пораки Телеграм.