372
Министерот за одбрана на приштинските власти, Ејуп Македончи денеска потврди дека се започнати процедурите за набавка на противтенковски ракети „Јавелин“ за Косово од САД и посочи дека одлуката за оваа набавка е дел од планот за преминот на Косовските безбедносни сили (КБС) во војска, јавуваат приштинските медиуми.
Тој најави и дека Приштина планира да купи противвоздушни системи.
Македончи во емисијата „60 минути“ на КТВ изјавија дека барањето за набавка на американски ракети ќе биде испратено на одобрување до Конгресот и дека Приштина очекува позитивен одговор, пренесе „Коха“.