Зеленски: Русија се подготвува за офанзива во пресрет на претседателските избори во март

од Stefanija Kuzmanovska
297 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, говорејќи во латвискиот главен град Рига истакнал дека Русија се подготвува да започне офанзива во пресрет на претседателските избори во март.

„Тие сакаат некои мали тактички победи пред (изборите) и се подготвуваат за нешто глобално или масовно потоа“, навел Зеленски.

Според него, ситуацијата на фронтот е многу комплицирана бидејќи на Украина ѝ недостига оружје.

Предупреди дека на Украина ќе ѝ биде тешко да преживее доколку не го добие одложениот пакет финансиска поддршка од Европската унија.

Унгарија го блокираше пакетот во декември.

Слични содржини