Колкав е просечниот коефициент на интелигенција во Македонија? Нова светска мапа го открива „IQ“ на секоја земја

од Nikola Popovski
305 прегледи

Веб-страницата „World Population Review“ објави мапа на светот според просечниот коефициент на интелигенција. Јапонците се на прво место на оваа листа – нивниот просечен коефициент на интелигенција е 106,48. Следат Тајван (106,47), Сингапур (105,89), Хонг Конг (105,37), Кина (104,1), Јужна Кореја (102,35), Белорусија (101,6), Финска (101,2), Лихтенштајн (101,07), Германија (100,74…)

Најнизок коефициент на интелигенција е измерен во Непал (42,99).

Податоците покажуваат дека населението на Македонија и Албанија е меѓу земјите со најнисок просечен коефициент на интелигенција во Европа. Според поразителните резултати, просечниот „IQ“ на Македонците е 81,91, а заедно со нас на дното во Европа се жителите на Албанија со просечен коефициент на интелигенција од 81,75.

Во Србија коефициентот на интелигенција е 89,6, а во Црна Гора 85,78. Во Босна и Херцеговина просечниот коефициент на интелигенција е 88,54,а во Хрватска е 95,75.

Количникот на интелигенција е вкупниот резултат добиен од збир на стандардизирани тестови или поттестови наменети за проценка на човечката интелигенција. Во овој случај, поттестовите вклучувале проценка на знаењето и читањето по математика и природни науки.

Меѓу податоците кои се користат за изработката на просечниот коефициент на интелигенција, се и оние од меѓународното тестирање ПИСА.

Слични содржини