Возач „летал“ со 211 км на час на македонски автопат

од Nikola Popovski
252 прегледи

Велешката полиција санкционирала возач кој на автопатот Велес – Неготино возел со 211 километри на час, на место со ограничена брзина до 120 километри.

– Денеска полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај од СВР Велес, при вршење контрола од областа на сообраќајот, на автопат „Пријателство“, патен правец Велес-Неготино, меѓу изречените мерки за брзина, санкциониран е возач кој управувал патничко возило со брзина од 211 км/час, на место каде брзината е ограничена на 120 км/час, појаснија од СВР Велес.

Во текот на вчерашниот ден (11.01.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 179 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 90 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место.