182
Жител на село Долгаш, општина Центар Жупа, без посебна причина физички нападнал малолетник во училишниот двор во селото, каде детето играло со своите другарчиња.
-Вчера во 12:30 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар е пријавено дека Ф.И.(66) од селото Долгаш, општина Центар Жупа, на игралиште во селото, физички нападнал малолетно лице. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Освен тоа насилникот викал и ги навредувал и останатите деца. Тој денеска е повикан во полициска станица и по консултација со јавен обвинител ќе му биде поднесена соодветна пријава.