Речиси 180 жени во Газа се породуваат секој ден во нехумани услови

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Палестинската Црвена полумесечина објави дека 180 жени во Газа се породуваат секој ден во опасни и нехумани услови поради израелските напади и окупација.

Се вели дека многу од овие жени не можат да стигнат до болниците бидејќи израелските сили ги блокираат возилата на брзата помош.

За да привлече внимание на сериозноста на ситуацијата, Црвената полумесечина на социјалните мрежи го сподели разговорот од телефонскиот повик на медицинските тимови со семејството на трудница во Појасот Газа која не стигнала навреме во болница за да се породи.

Според аудио снимката, еден од лекарите од Црвената полумесечина, кој разговарал со медицинската сестра на родилката, се обидел да и помогне на нејзиното семејство давајќи инструкции за да и овозможи на жената безбедно да се породи дома.

Претставникот на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) Доминик Ален објави дека во Газа во последните 100 дена се регистрирани околу 18 илјади породувања и дека УНФПА не може да ги обезбеди потребните услуги, а состојбата во болницата е многу лоша.

Над 23.800 Палестинци се убиени, а повеќе од 60.000 се повредени во израелските напади од 7 октомври врз Појасот Газа.

Слични содржини