Пратениците се враќаат на работа, ќе се одржи првата седница во 2024

од Nikola Popovski
161 прегледи

Пратениците денеска ќе ја почнат првата седница за годинава. На дневен ред на 138-та седница се повеќе од дваесет точки, претежно закони по скратена постапка. Пратениците треба да ги разгледаат дополнување на Законот за државното правобранителство, Предлог-закон за административни службеници, Предлог-закон за вработените во јавниот сектор, измени и дополнувања на Законот за електронско управување и електронски услуги.

На деневен ред се и Предлог-закон за гаранција на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта.

Пратениците ќе дебатираат и за Предлог – национална стратегија за развој на културата со акциски план за периодот 2023-2027 година, како и за Предлог на одлука за давање согласност на годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Во текот на месецот ќе има најверојатно уште една нова седница. Потоа би следувала седницата за избор на техничката влада што треба да се случи на 28 јануари, а чиј премиер ќе биде сегашниот спикер Талат Џафери.

Слични содржини