Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.642 повика на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 43,61 %, а 1,95% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 42,19 %, кон Итната медицинска помош 45,70 %, кон пожарникарите 10,16 % од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Инаку, 1.234 повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1,95 % со другите 1,95% што се именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а на директно коордирнирање за нивно решавање.
Според извештаите во ЦУК за регистрираните пожари, податоците покажуваат дека и покрај студените температури, пожари на отворено се уште има, особено за викендите. Пожарникарите од Македонска Каменица, од Берово при два случаја и од Скопје при четири случаи имале такви интерванции. Ваквите пожари на отворено, покрај тоа што ја загрозуваат околината, особено го загрозуваат квалитетот на амбиенталниот воздух во подрачјата каде што е веќе загаден, како што е Скопската котлина.
Паралелно, пожарникарите во државата интервенирале и на повеќе пожари во населените места, при што дел од слични пожари во населени места биле заради запалени оџаци, што оваа грејна сезона се многу чести, а се потенцијална опасност за опасни поголеми пожари. ЦУК веќе алармираше да се чистат превентивно оџаците согласно препораките на пожарникарите, па макар и сега во зимската грејана сезона. Запалени оџаци вчера гаснеле во Тетово, Штип, Охрид и Битола. Во последните три деноноќија имаше и три регистрирани излизгувања на возила и заглавувања: секое деноноќие по едно – на Пониква, на Галичица и вчера кај Брана Водоча во Струмичко.