Предлог за ручек: Сочни кременадли од рерна

од Stefanija Kuzmanovska
398 прегледи

Состојки:

– 5 кременадли (околу 1 кг)

– 1 главица кромид

– 5 чешниња лук

– 1 говедска коцка за супа

– половина литар топла вода

– 1 дл бело вино

– сол, бибер, зачини по желба

– масло

– брашно

– мелена лута пиперка, по желба

Подготовка:

Извадете ги коските од кременадлите, измијте ги, исушете ги на крпа, изудирајте ги со толчник за месо, посолете и побиберете.

Потоа извалкајте ги во брашно и пржете ги на масло во тава додека не добијат убава руменила боја.

Кога ќе се испржат, ставете ги во огноотпорен сад попрскан со масло.

На истото масло на кое се пржиле кременадлите се пропржува кромидот, па се додава ситно сечканиот лук и три лажици брашно.

Во половина литар врела вода измешајте ситно искршена коцка за супа и со тоа прелијте ги кромидот и брашното во тавата, промешајте уште малку да се згусне и посолете малку.

Прелијте го сосот од тавата врз кременадлите, па посипете ги со вино.

Покријте го огноотпорниот сад или покријте го со алуминиумска фолија и печете во рерна 45 минути на 180 степени, а потоа извадете го капакот или фолијата и печете уште десет минути.

Ако сакате зачинети јадења, можете да додадете и една лажичка лута мелена пиперка.

Слични содржини