Европратениците денеска изгласаа дискусијата за ситуацијата во Србија по изборите да биде на дневен ред на пленарната седница на Европскиот парламент во среда, која ќе трае до 18 јануари.
Пратениците одлучија на дневен ред на пленарната седница на парламентот во февруари годинава да се најде резолуција за изборите во Србија.
Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола изјави дека социјалистите, Обнови Европа, Зелените и левицата побарале да се разгледа ситуацијата во Србија по изборите, по дискусијата за владеење на правото и слободата на медиумите во Грција.