Членовите на Комсијата за заразни болести денеска на состанок ќе ја разгледуваат состојбата со респиратиорните инфекции во земјава. Пред Комисијата за заштита од заразни болести, состојбата со грипот и дали зголемениот број пациенти и метежот во амбулантите и во болниците се алармантни или е вообичаена состојба за овој период од годината. На седницата ќе се решава и дали ќе има и препораки до населението.
Министерот за здравство Фатмир Меџити порачува дека состојбата се следи и нема простор за вознемиреност кај граѓаните.
Вчера, петта жртва од грип сезонава. На Инфективната клиника починал пациент поради компликации, а имал и тешка хронична болест. Според извештајот на Институтот за јавно здравје, минатата недела на пулмологија од грип починале двајца пациенти.
Во меѓувреме и во амбулантите на матичните и во болниците имаат зголемен број на пациенти. Во Клиниката во “Козле” речиси цел месец дневно евидентираат по окјолу 200 амбулантски прегледи, повеќето од децата биле со вирусни инфекции.
На крајот на 2023 година, двајца болни ја изгубија битката со вирусот во штипската болница.