Во текот на претходната ноќ, руските сили извршија напад со дрон врз Одеса, Украина, при што беа повредени три лица, меѓу кои мајка и дете.
„Речиси три часа единиците за противвоздушна одбрана на Украина беа на терен. Едно беспилотно летало беше уништено во регионите на Николаев и Кировоград. Сепак, непријателот ги концентрираше главните напори на нападите врз Одеса. Дронови камикази навлегоа на територијата на критично ниска височина од Црното Море“, соопштија јужните одбранбени сили на Украина.
Во соопштението се наведува и дека на приодот кон брегот во областа Одеса биле соборени 11 дронови и дека најголемиот дел од леталата паднале во Црното Море, но остатоците од неколку соборени дронови и ударниот бран оштетиле станбени згради, продавници и приватни автомобили, пренесува украински „Униан“.