ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Арсовска: ЈП „Паркови и зеленило“ распишува оглас за 90 вработувања без согласност на Советот кој е негов основач

од Nikola Popovski
270 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „со скандалите на градоначалничката Данела Арсовска може да се сними теленовела“. Според партијата, во јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ со кое директорува Сефи Шабани, спротивно на процедурата и нормите, се распишува оглас за деведесетина вработувања, без да има одобрување од страна на Советот на Градот Скопје, кој е основач на компанијата.

-Ова е класична злоупотреба и самоволие во режија на Данела Арсовска, која со овој чин ги задоволува апетитите и барањата на нејзината коалиција ДУИ-СДС-Левица. Ваквите бизнис и политички пазари ги туркаат јавните претпријатија во превработеност, задолженост и хаос.

Надлежните институции треба соодветно да реагираат и да преземат соодветни мерки, бидејќи овие огласи не се валидни, стои во партиското соопштение.

Слични содржини