247
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на Светскиот економски форум се сретнал со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.
„Отворен разговор со Лајчак за време на Светскиот економски форум за ситуацијата на Косово и заканите со кои секојдневно се соочува српското население, а кои го загрозуваат мирот и стабилноста на регионот. Повторив дека Србија продолжува да води одговорна политика заснована на дијалог и меѓународното право, но предупредив и дека постапките на Приштина го доведуваат во прашање сето она што досега е постигнато во процесот на нормализирање на односите“, пишува на Инстаграм профилот на српскиот претседател.