Лидерите на ЕСП во Вашингтон се сретнаа со сенаторката Џони Ернст

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Лидерите на Европскиот сојуз за промена, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити, заедно со советникот на премиерот Курти за Северна Македонија, Беким Ќоку, за време на нивната официјална посета на Вашингтон, реализираа средба со сенаторката Џони Ернст – ко-претседателка на групата за албански прашања на американскиот сенат и претседателка на Комитетот на Републиканците за политиките во Сенатот.

Потврдувајќи го стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, на овој состанок се изрази јасниот став дека Албанците остануваат посветени на продлабочување на соработката со САД и ЕУ, како единствена опција која обезбедува мир и стабилност во регионот.

Главната тема на дискусијата беше забрзувањето и финализацијата на интеграцијата на земјата во ЕУ и геополитичките влијанија во регионот. Во овој период, кога продолжува обидот на Србија да го дестабилизира Косово, не треба да се остави простор за ова да создаде кризни зони на Балканот, бидејќи тоа им служи на руско-српските интереси, кои не сакаат доброто на Албанците.

Лидерите  на европскиот сојуз ја уверија сенаторката Ернст дека оваа коалиција ќе биде најсериозниот и единствен фактор кој ќе овозможи интеграција на земјата во ЕУ, со што ќе се промени статус квото инсталирано во последните дваесет години.

Во следните денови продолжуваат и другите состаноци на лидерите на Европскиот сојуз за промена  со високи официјални претставници во  Вашингтон, се вели во соопштението.

Слични содржини