Русија лансираше 33 дронови кон Украина

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

Во текот на ноќта Русија лансираше 33 дронови и две ракети кон Украина, а противвоздушната одбрана уништи 22 дрона, соопшти украинската армија.

„Главните области на нападот беа југот и северот. Воздухопловните и одбранбените сили на Украина уништија 22 непријателски дрона. Уште неколку дронови не стигнаа до своите цели“, објавија денеска украинските воздухопловни сили на Телеграм, пренесе „Ројтерс“.

Украинските цивилни и воени власти се уште не известиле дали во нападот имало жртви или штети, наведува британската агенција.

Слични содржини