Нетанјаху: Војната би можела да биде продолжена до 2025 година

од Stefanija Kuzmanovska
244 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им кажал на градоначалниците на општините во близина на Појасот Газа дека војната против палестинскиот Хамас би можела да биде продолжена до 2025 година.

Ова го објави израелскиот канал 12, повикувајќи се на анонимен извор.

На состанокот одржан во јужниот штаб на израелската армија (ИДФ) во градот Беер Шева, каде што беа присутни членовите на воениот кабинет, Нетанјаху им порача на градоначалниците на општините дека, според сегашните проценки, војната може да да се продолжи во следната година.

Локалните власти му рекле на Нетанјаху дека повеќето Израелци кои го напуштиле регионот каде што живееле, поради ракетни напади од Газа и други безбедносни причини, не сакаат да се вратат во пограничната област.

Нетанјаху ја открил оценката за време на разговорите на врвот на израелската влада, каде, наводно, се согласиле да ја разгледаат тековната финансиска помош за израелските жители кои се подготвени да се вратат во евакуираните заедници, лоцирани на четири до седум километри од границата со Појасот Газа, наведува „Тајмс оф Израел“.

Слични содржини