Најраните знаци на депресија: Некои можат да бидат и суптилни

од Stefanija Kuzmanovska
319 прегледи

Проблемите со менталното здравје се во пораст, а еден од најчестите е депресијата.

Иако депресијата влијае на секоја личност различно, постојат некои заеднички карактеристики, и не изгледаат сите онака како што би очекувале, објаснуваат психотерапевтите.

На пример, не плачат постојано сите луѓе кои страдаат од депресија, ниту пак се постојано во лошо расположение.

Како што пишува HuffPost, постојат некои посуптилни знаци кои можат да укажуваат на депресија:

– губење или недостаток на енергија

– неможност за фокусирање на одредени работи

– зголемена анксиозност

– друштвена изолација

– занемарување на личната хигиена

– проблеми со спиењето (лицето спие помалку или повеќе од вообичаено)

– раздразливост.

Слични содржини