237
Против претседателот на Израел, Исак Херцог е поднесена кривична пријава за време на неговата посета на Швајцарија, соопшти швајцарското обвинителство.
Швајцарското федерално обвинителство потврди дека примило кривична пријава против претседателот на Израел, кој беше на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос во четвртокот, каде се разговараше за војната во Газа, пишува The Times of Israel.
„Кривичните пријави сега ќе се разгледуваат според вообичаената процедура“, се вели во соопштението на Обвинителството, додавајќи дека е во контакт со Министерството за надворешни работи „со цел да се испита прашањето за имунитетот на засегнатото лице“.