ДУИ нема да гласа за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за министри во техничката влада

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Пратениците на Демократската унија за интеграција нема да ги поддржат предлозите за министри во техничката влада кои ќе бидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Оваа одлука на ДУИ доаѓа откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски претходно истакна дека Талат Џафери не ја заслужува поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за технички премиер и во интерес на добрата атмосфера и демократскиот процес партијата би се воздржала од гласање.

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во изјава за медиумите рече местата кои со закон и следуваат на опозицијата во техничката влада треба да останат празни додека ВМРО-ДПМНЕ не даде глас за таа влада.

Слични содржини