Трамп: Нема да дозволам создавање на дигитален долар

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп им вети на гласачите на предизборниот митинг во Њу Хемпшир дека нема да дозволи создавање на дигитален долар доколку биде реизбран за претседател на САД.

„Како ваш претседател, никогаш нема да дозволам централната банка на САД да создаде дигитална валута. Таквата валута ќе и даде на федералната влада апсолутна контрола над вашите пари. Тие можат да ви ги земат парите, а вие нема ни да знаете дека се таму“, Трамп рекол, според извештаите на „Блумберг“.

Американската централна банка ФЕД ја разгледува можноста за воведување на дигитален долар, но се уште нема донесено одлука за ова прашање и нема да преземе дополнителни чекори без поддршка од законодавната и извршната власт.

Според „Блумберг“, идејата за дигитален долар наиде на противење од конзервативците кои веруваат дека тоа ќе и овозможи на владата да ги следи купувањата на граѓаните.

Дигиталниот долар претходно беше отфрлен од конкурентот на Доналд Трамп на прелиминарните избори на Републиканската партија, гувернерот на Флорида, Рон Десантис.

Слични содржини