Измерени минус 19 степени, пораст се очекува од четврток

од Nikola Popovski
232 прегледи

Наутро ќе биде ведро, тивко и многу студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР за денешната временска прогноза.

Минималните температури ќе бидат во интервал од – 19 до – 8, а максималните од – 3 до 5 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност, тивко и студено. Максималната температура ќе се искачи до 3 степени Целзиусови.

До средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Најстудено ќе биде утре и вторник. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст.

Слични содржини