Десетина пациенти со грип се лекуваат на Инфективна клиника, кај тројца е дијагностиран Ковид. И на Клиниката за пулмологија и алергологија има хоспитализирани седуммина со Инфлуенца.
На една пациентка и се искомплицирала состојбата и ќе биде префрлена на Инфективна клиника.
На 65-годишната пациентка според лекарите ќе и треба и респираторна поддршка. Директорот на Пулмологија вели не е доцна за имунизација против грип.
Министерот за здравство Фатмир Меџити вели нормално е во зима да циркулираат овие вируси. Тој смирува дека нема простор за паника.
Децата остануваат најранливи на синцинцијалниот вирус. Во Универзитетската клиника во Козле се лекуваат 57, нема на кислородна поддршка. Но амбулантите и натаму се полнат. За само едно деноноќие и над 100 прегледи.