Маричиќ на средба со Јорн Флек од Атлантскиот совет ја потврди посветеноста на евроинтеграциите

од Vladimir Zorba
184 прегледи

На маргините од лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан, Заменик претседателот Бојан Маричиќ одржа средба и продуктивна дискусија со Јорн Флек, заменик директорот на Европскиот центар на Атлантскиот совет. На средбата беа истакнати заложбата на Северна Македонија за забрзување на процесот на евроинтеграција и посветеноста за обезбедување на полноправно членство во Европската Унија до 2030.

Јорн Флек, кој има примарна одговорност за програмите поврзани со Западна Европа, и трговските односи меѓу САД и ЕУ, ја пофали Северна Македонија како позитивен пример за стабилност и безбедност во регионот. Тој ги истакна достигнувањата и напредокот на државата, особено по Договорот од Преспа и членството во НАТО.

На средбата беше истакната меѓусебната соработка, при што и вицепремиерот Маричиќ и Јорн Флек ги изразија заедничките приоритети за поддршка и реализација на реформите на патот кон ЕУ.

На средбата беа потврдени тековната соработка и посветеноста на Владата за обезбедување на сигурен и стабилен развој на државата кон ЕУ, кое пак останува заеднички приоритет.​

Слични содржини