Имаме прецизни решенија за прашањето со Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ за пораките на О’Брајан

од Nikola Popovski
329 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ докажано секогаш била проевропски ориентирана, велат од партијата, запрашани како ги коментирате вчерашните пораки на претставникот на Стејт Депарментот, Џејмс О`Брајан за објавување на планот за иднината на земјата.

Во однос на главното прашање со Бугарија, кажа портпаролот на партијата, Наум Стоилковски, ВМРО- ДПМНЕ има прецизни решенија коишто ќе бидат дел од изборната програма.

-До граѓаните ќе понудиме решенија и за сите други прашања за коишто граѓаните повеќе се заинтересирани, како што се решенија за економски раст, справување со инфлацијата, решенија за силна економија, решенија за поквалитетно образование, за безбедно и достапно здравство, za борба со криминалот и корупцијата, решенија за справување со мафијата.. Затоа што никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме, посочи Стоилковски на прес-конференција.

Американскиот претставник вчера кажа дека е фер граѓаните да побараат од ВМРО-ДПМНЕ да понуди нон-пејпер во кој ќе ја објасни визијата за патот напред. Тој одговараше на новинарско прашање – дали се точни информациите дека меѓународниот фактор притиска да биде потпишан нон-пејпер на политичките партии на Албанците со кој ќе се обврзат да не коалицираат со партија која шест месеци по изборите нема да спроведе уставни измени.

-Не знам ништо за тоа. Сметаме дека зависи од граѓаните на Северна Македонија да решаваат за патот понатаму. Сметам дека една партија предлага пат напред и прифаќа критики, затоа што на некои луѓе им се допаѓа или не им се допаѓа таа насока. Друга партија ветува дека ќе смисли начин со кој што ќе се придвижат напред и мислам дека е правично граѓаните на државата да ја прашаат таа партија за овој нон пејпер и тие да одлучат помеѓу визијата што ја знаат и она што се дава како ветување, одговори О’Брајан.

Слични содржини