Шефот на Воениот комитет на НАТО: Амбициите на Москва нема да запрат на границите на Украина

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Претседателот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер денеска изјави дека постои реална опасност Русија да нападне членка на Алијансата.

Според него, „амбициите на Москва нема да запрат на границите на Украина“.

„Затоа е важно тие да не победат во оваа војна и да ја запреме таа амбиција. Мораме да се подготвиме за самоодбрана. Ако сте подготвени за војна, шансите за зачувување на мирот се многу поголеми отколку ако не го направите тоа. Не велам дека тоа ќе се случи утре, но мора подобро да се подготвиме за војна со Русија“, рече Бауер во интервју за RTCG.

Слични содржини