Tesla Model Y лани најпродаван автомобил во Европа

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Најпродаван автомобил во Европа во 2023 година беше моделот Y на Tesla, според прелиминарните податоци од експертите за истражување на пазарот на „Датафорс“.

Овој автомобил со електричен погон, произведен во Америка, е продаден минатата година во 254.822 примероци, според бројките кои вклучуваат 97 отсто од продажбата во Европската унија, земјите од ЕФТА и Велика Битанија, објави „Automotive News“.

Model Y постигна мала предност во однос на најблискиот конкурент Dacia Sandero, кој продаде 235.893 примероци.

Слични содржини