📽 Демонстранти го прекинаа говорот на Бајден, интервенираше и полицијата

од Stefanija Kuzmanovska
263 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден за време на кампањата во Вирџинија се соочи со протест на оние кои не ја поддржуваат неговата поддршка за Израел во војната во Појасот Газа.

Неколку демонстранти се собраа пред местото каде Бајден одржуваше предизборен митинг и го чекаа, извикувајќи „Срам да ти е“, а исто така држеле натписи на кои пишувало „Геноцид Џо“, се вели во извештајот на Белата куќа.

Кога држел говор во салата, Бајден исто така се соочил со демонстранти кои често го прекинувале. Во еден момент, како што може да се види на видео кое беше споделено на мрежата Х, морала да реагира и полицијата.

Претходно овој месец, демонстрантите го прекинаа неговиот говор во црква во Јужна Каролина извикувајќи „Прекин на огнот веднаш“.

Покрај поддршката на Израел од почетокот на војната во Газа на 7 октомври, Бајден започна напад врз позициите на Хутите во Јемен без согласност на Конгресот. И тогаш тој се соочи со протести пред Белата куќа и на Тајмс Сквер во Њујорк.

Слични содржини