По преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ очекува од нашите стратешки партнери да го променат наративот и односот кон Македонија

од Nikola Popovski
309 прегледи

„Би препорачала да бидете уште малку трпеливи, да почекате да излеземе со изборната програма, да почекате да ја формираме идната влада и уште во првите 100 дена да покажеме кои ќе бидат патоказите“, рече Иванка Василевска, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и членка на Централниот комитет на партијата, во интервју за „Слободен печат“ на прашањето што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди пред граѓаните.

Таа исто така додаде дека ВМРО-ДПМНЕ очекува од нашите стратешки партнери да го променат наративот и односот кон нашата држава, без да потенцира на каква промена се мисли.

На прашањето што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди пред граѓаните, пратеничката не даде конкратен одговор туку побара граѓаните да бидат трпеливи.

Слични содржини