Стано: Без напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина, нема напредок во пристапувањето во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
703 прегледи

Без напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој се води со посредство на ЕУ, нема напредок во процесот на пристапување во ЕУ, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Стано посочи дека доколку има напредок од едната страна, тоа ќе се одрази на пристапниот процес на таа страна.

„Во неколку наврати, како и во правните документи, Европската унија многу јасно стави до знаење дека патот на Косово и Србија кон ЕУ е преку дијалог што се води со посредство на ЕУ. Со други зборови, доколку нема напредок во дијалогот, нема напредок во процесот на пристапување во ЕУ“, порача Стано на брифинг со новинарите во Брисел.

Тој додаде дека таквиот став на ЕУ е наведен во бројни документи, како што се заклучоците на Советот од 2013, 2014 до 2022 година, преговарачката рамка за Србија, овогодинешната комуникација за проширувањето и извештаите за Белград и Приштина.

„Многу јасно е наведено што очекуваат Европската унија и нејзините земји-членки кога станува збор за пристапниот процес и дијалогот“, рече Стано.

Нагласи дека овие два процеса се всушност дел од истиот процес, односно дека дијалогот и пристапувањето на Белград и Приштина во Европската унија се неминовно поврзани и неразделни. Значи, без напредок во дијалогот и во исполнувањето на обврските, нема напредок на патот кон ЕУ.

Слични содржини