Огранокот на СДСМ во Гевгелија објави, како што велат, ексклузивна вест, за работењето на градоначалникот на Општината Гевгелија кој веќе неколку години во неколку наврати доделува средства на ракометен клуб основан од неговиот татко.
-Ако во Охрид градоначалникот Кирил Пецаков основал ракометен клуб на свое име и си доделил 250. 000 евра, во Гевгелија градоначалникот Андон Сарамандов отишол корак понапред. Основач на женскиот ракометен клуб „Гевгелија“ е токму таткото на Сарамандов, Герасим Сарамандов како што е заведено во централниот регистар. Герасим Сарамандов е сеуште актуелен претседател на женскиот ракометен клуб ” Гевгелија ” кој во последните 3 години добива средства од Општината за клубот севкупно во износ од 2 200 000 ден, или приближно 35.800 евра, велат од општинската организација на СДСМ во Гевгелија.
Посочуваат дека Герасим Сарамандов е се уште актуелен претседател на женскиот ракометен клуб ” Гевгелија ” кој во последните три години добива средства од општината за клубот вкупно во износ од 2,2 милиони денари или приближно 35.800 евра“.
Во 2021 година му биле префрлени 350.000 денари, во 2022-та добил 850.000 денари, а лани градот му исплатил на клубот еден милион денари. Клубот е на дното на втората ракометна лига.
Од СДСМ Гевгелија сметаат дека се работи за голем судир на интереси и дека тоа е начин како да се испумпаат што повеќе пари во очи на предизборието и го повикаа надлежното обвинителство да реагхира затоа што постои основано сомнение дека парите ќе се слеат токму во џебот на фамилијата Сарамандови.