Судски совет не донесе одлука за делегирање на судијата Осман Шабани кој ги водеше предметите „Талир“ и „Титаник“

од Vladimir Zorba
682 прегледи

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска на итна седница расправаше за судијата Осман Шабани, кој неодамна беше избран за судија во Апелационен суд Скопје, да биде времено упатен во Основниот кривичен суд.

По два часа расправа Судскиот совет со шест гласа „за“ и шест „против“ не донесе одлука за негово делегирање.

На барање од координаторката, член на Судскиот совет, Мери Радевска, претседателот на Основниот кривичен суд пред два дена, на 23 јануари доставил известување до Советот, со податоци од 20 предмети кој ги води судијата Осман Шабани, меѓу кои и „Титаник 1“ и „Талир 1“.

Беше посочено дека според податоците доставени до Советот, предметите кои се од јавен интерес „Талир 1“ и „Титаник 1“ се во доказна постапка.

Во предметот „Талир 1“, кој се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, обвинети се 7 лица, а за едно дело веќе има настапено застареност, додека пак целиот предмет беше посочено дека застарува на 11 јануари идната година.

За вториот критичен предмет, „Титаник 1“, во кој Шабани е претседател на Судечкиот совет, беше посочено дека обвинети се 14 лица, додека пак започнат е во 2018 година и суден последователно без прекин во рочиштата.

Членот на Судскиот Совет, Тања Чачарова Илиевска, истакна дека нема да гласа за делегирање на Османи, бидејќи како што рече, Советот ги нема елементарните податоци во која фаза е доказната постапка.

-Она што за мене е битно е дали со времено упатување на Шабани ќе се реши ваквата состојба, до сега нема одговор. Колку време овие предмети се во фаза на доказна постапка и во која фаза се од доказната постапка. За „Талир“ имаме веќе застареност за едно дело, на 11.01.2024, а за другите обвинети предметот застарува на 11.01.2025 година, Бидејќи немам податок колку време е во фаза на доказна постапка, останува да правиме некакви калкулации. Ако е година дена во фаза на доказна постапка, и во која фаза е, дали е при крај доказната постапка или на почеток, колку рочишта има објавено за изведување на докази, колку имало одржани рочишта, тоа мене би ми било параметар за да можам да направам приближна конструкција за колку време би можело да заврши доказната постапка. И најважно, од кои причини, доколку имало одложување на рочишта, истите биле одлагани. Ние ги немаме елементарните податоци, рече Чачарова Илиевска.

Минатата недела Советот ја делегираше и новоизбраната судијка во Апелација, Александра Ристевска, кој е дел од судечкиот совет на предметот „Ласкарци“, чија пресуда беше објавена денеска.

-На 18-ти јануари оваа година, судиите Осман Шабани, Александра Ристевска и Весна Димишкова дадоа заклетва како судии на Апелациониот суд – Скопје. Претседателот на Основниот кривичен суд извести дека постапката во врска со предметот „Ласкарци“, каде Ристевска е член на Советот, е пред објавување на пресуда и побара истата да биде делегирана, а Советот истиот ден закажа итна седница на која Ристевска беше делегирана, рече Радевска.

Слични содржини