Битиќи очекува до април да биде донесен Законот за нефер трговски практики

од Nikola Popovski
796 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека пратениците ќе го донесат Законот за нефер трговски практики.

Како што изјави денеска, Собранието работи ефективно до почетокот на април. Тој апелира пратениците да ги донесат и останатите закони кои се во процедура подолго време.

-Верувам дека пратениците на крај на мандатот ќе се одважат и ќе го донесат законот. Мислам дека тоа не е битно за ниту една влада, туку е важно за граѓаните.

Затоа, еве, уште еден повик наредните два месеца, кога нема да има друг притисок зашто Владата нема да носи нови закони, пратениците да ги поминат сите останати закони кои се во собраниска процедура подолго време, истакна Битиќи пред почетокот на јавната дискусија за нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026“.

Во декември 2023 година, од Владата информираа дека станува збор за примена и целосно хармонизирање со европски директиви за нефер трговски практики во односите меѓу претпријатијата во синџирот на снабдување со земјоделство и храна и треба да обезбеди примена на европските практики во целокупниот синџир на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, како и во поглед на поширокиот опсег на неговиот предмет на уредување.

Се очекува, да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори (купувачи и добавувачи), кои се активни во синџирот снабдување со земјоделство и храна во различни фази на производство, преработка, маркетинг, дистрибуција и малопродажба на земјоделски и прехранбени производи и соодветна примена на забраните на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Исто така, се обезбедува начин за поефикасни контроли и надзор  на Комисијата за заштита на конкуренцијата, којашто добива дополнителна надлежност.

Слични содржини