Рускиот претседател Владимир Путин заедно со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко учествуваа на церемонијата на отворање на меморијалот во градот Заицево во регионот Гачин, во спомен на цивилите од Советскиот Сојуз кои станаа жртви на нацистичкиот режим за време на Вториот Светска војна.
Говорејќи на отворањето на комплексот, претседателот на Руската Федерација истакна дека ќе направи сè за да се искорени нацизмот и дека ќе се водат истраги за сите злосторства извршени од нацистите за време на Втората светска војна врз граѓаните на СССР, а дека следбениците на нацистичката идеологија ќе бидат казнети, пренесува РИА Новости.
„Ќе направиме сè за да го запреме и целосно да го искорениме нацизмот. Следбениците на нацистичките џелати, како и да се нарекуваат денес, се осудени на пропаст“, нагласи Путин.