Украина откри корупциска шема за 40 милиони долари при договор за оружје

од Vladimir Zorba
428 прегледи

Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека открила корупциска шема при купување оружје од страна на војската во вредност од околу 40 милиони долари.

СБУ соопшти дека се испитуваат петмина високопозиционирани луѓе во Министерството за одбрана и добавувачот на оружје, пренесува Би-Би-Си.

Во соопштението се посочува дека претставниците на одбраната потпишале договор за 100.000 минофрлачки гранати во август 2022 година. Плаќањето било однапред, со некои средства префрлени во странство, но никогаш не било обезбедено оружје.

СБУ соопшти дека истрагата ги „разоткрила“ функционерите на Министерството за одбрана и менаџерите на добавувачот на оружје Лавов Арсенал, „кои украле речиси 1,5 милијарди гривни при купувањето гранати“.

„Според истрагата, во проневерата се вмешани поранешни и сегашни високи функционери на Министерството за одбрана и раководители на поврзани компании“, се вели во соопштението.

СБУ информира дека и покрај тоа што договорот за гранати бил договорен шест месеци откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина, „ниту една артилериска граната“ никогаш не била доставена.

„Еден од осомничените беше приведен при обид да ја напушти Украина и моментално е во притвор“, соопшти СБУ.

Украинскиот јавен обвинител соопшти дека украдените средства се запленети и ќе бидат вратени во буџетот за одбрана.

Слични содржини