СДСМ: Остануваат 99 дена до нов изборен пораз на Мицкоски и победа на Европскиот фронт

од Stefanija Kuzmanovska
299 прегледи

Остануваат 99 дена до нов изборен пораз на Мицкоски и ДПМНЕ и победа на Европскиот фронт предводен од СДСМ. Со Мицкоски и ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ, соопштуваат од СДСМ.

„Тие нудат, хорор, враќање назад во изолација, неизвесност, криминал, корупција, поделби меѓу граѓаните, мали плати и пензии. СДСМ нуди поголеми плати, пензии, намалување на давачките за народот, со СДСМ е извесна европската идина со заштитен македонски идентитет“, додаваат од партијата.

Тоа е изборот пред граѓаните, порачуваат оттаму.

„Затоа, на слободни, фер и демократски избори ќе победи европскиот фронт предводен од СДСМ. А на 9-ти мај, Денот на Европа, европскиот фронт ќе прогласи формирање нова проевропска Влада којашто ќе обезбеди членство во ЕУ до 2030 година“, стои во соопштението.

Слични содржини