276
Новиот технички премиер Талат Џафери пристигна на првиот работен ден во Владата.
Доскорешниот претседател на Собранието беше пречекан од премиерот во оставка Димитар Ковачевски.
„Прв ден премиер. И најкратката патека е тешка да се изоди ако немаш визија, план насока и цел. На сите предизвици и патеки до сега сум им пристапувал со добро планирање и јасна цел. Така е и денес, со јасна цел за Европска Република Северна Македонија“, напиша Џафери на Фејсбук.