Приведен 39-годишник од кавадаречко, осомничен за физички напад врз малолетник

од Stefanija Kuzmanovska
190 прегледи

Приведен е 39-годишник од кавадаречко поради сомнение за физички напад врз малолетник, информираат попладнево од СВР Велес.

„Во 14.30 часот вчера, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.М., на возраст од 39 години од кавадаречко. Како што е пријавено од вработен во основно училиште, каде учела неговата малолетната ќерка, таа пријавила во училиштето дека во семејниот дом, тој се однесувал агресивно и физички го нападнал нејзиниот малолетен брат“, појаснуваат од СВР Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Кавадарци, со децата и со мајката на пријавениот бил извршен службен разговор.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини