Предупредување од Борел: „Мораме да ѝ помогнеме на Украина, Европа ќе биде загрозена ако Путин победи“

од Nikola Popovski
215 прегледи

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска истакнал дека безбедноста на Европа ќе биде загрозена доколку рускиот претседател Владимир Путин победи во војната во Украина и дека не е во ред да се разговара за примирје со него.

Борел споделил на својот профил на X, авторски текст што го напишал за францускиот весник L’Obs, во кој потенцирал дека по секоја цена мора да се спречи појавата на свет во кој „моќта преовладува над правото“, бидејќи победата на Путин во Украина ќе поттикне Русија и другите автократии да ги следат своите империјалистички цели.

Тој посочил дека обидите за помирување со Русија се погрешни денес како и на почетокот на инвазијата во 2022 година и дека победата на Украина во војната е најдобрата гаранција за безбедност на Европа.

„Путин вели дека сака да стави крај на конфликтот што е можно поскоро, но само под негови услови. Тој веќе во многу наврати покажа дека никогаш не преговара со добра волја и дека не ги почитува постигнатите договори. А денес, на помалку од една година пред американските избори, за кои смета дека би можеле да бидат во корист на неговите империјалистички амбиции, кој сериозно може да верува дека Путин бара компромис?“, пишува шефот на европската дипломатија.

Борел вели дека Европа била премногу бавна да одговори на повиците за помош од Украина и дека реагирала само кога имало закана дека Русија ќе добие предност во војната.

„Ова двоумење чини многу животи. Мораме да ја промениме парадигмата од поддршката на Украина и да направиме се што е потребно и се што е потребно за Украина да победи“, навелтој.

Шефот на европската дипломатија оценува дека помошта мора да вклучува испраќање ракети со долг дострел и други напредни системи за оружје и дека Европа мора да ја зајакне воздушната одбрана на Украина.

„Иако нашите трошоци за одбрана веќе се зголемени за 40 отсто од историскиот минимум од 2014 година, овој пресврт на трендот сè уште не е доволно брз. Мора да ги засилиме нашите напори за да победиме во оваа трка со времето со Путиновата Русија“, напишал Борел.

Слични содржини